МТСП: Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и за попреченост

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на социјалните права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за декември 2025 година.

- Корисниците на парични права што поседуваат дебитна картичка може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Денеска може да ги подигнат средствата во сите отворени филијали и експозитури на банките, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.