МПЦ за тв24: Работиме согласно законите и управувањето со имотите е за доброто на заедницата
Foto

МПЦ за тв24: Работиме согласно законите и управувањето со имотите е за доброто на заедницата

Од Македонската православна црква која на атрактивната локација наспроти ГТЦ ќе добие 4 илјади метри квадрати станбен и деловен простор за ТВ 24 велат дека работат согласно законите – став идентичен како и на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Од МПЦ без конкретен став зошто склучиле бизнис зделка со бизнисменот Зоран Антиќ но велат дека имотото со кои располагаат е за доброто на заедницата. Тврдат дека домаќински управуваат со имотото кои го поседуваат и дека преку истиот ја извршуваат својата мисија.

„Никакви морални принципи не се нарушени по закон и пропис на МПЦ и не само во МЦ, туку и воопшто и нормите од православната вера. Можеби оој е поголем, но јас не сумповикан, ниту знам каде и колку инвестирал.“ - вели Дебарско – кичевски митрополит г. Тимотеј – Македонска православна црква.

Атрактивната локација наспроти ГТЦ ги размрда институциите. Ресорниоот министер за транспорт и врски вели дека веќе е почната анализата за промена на цените за атрактивните државни парцели особено во централните градски подрачја. Ова следува откако земјиштето наспроти ГТЦ беше купено по цена од 312 евра а сопственици се Бизнисменот Зоран Антиќ кој заедно со МПЦ се јавуваат како купувачи на атрактивната локација. Министерот Сугарески во емисијата 24 Анализа не потенцираше дали сумата од 312 евра е реална – го повтори ставот дека се е според законските прописи.

„Јас сакам да ги видам сите параметри бврз база на кои ќе настане проверка. Ако се утврди дека во минимален обем треба да се менува, ќе се менува, ако треба во поголем, во поголем ќе се менува. Кога се прави, се прави и на уредбата во текстуалниот дел и на утврдување  на методологијата. Јас не сум дигнал раце, кажувам какви се постапките.“ - вели Горан Сугарески – министер за транспорт и врски.

Аферата со продажбата на атрактивната локација спроти ГТЦ предизвика преиспитување и корекции и на законската регулатива со цел како што вели министерот еднаш засекогаш да се уреди проблематиката а не да се менува само за одредени поединци и профит. Детали во која насока ќе се одвибваат законските измени засега нема. Претходно од фирмата МГ Фешн за ТВ 24 потврдија дека на локацијата спроти ГТЦ нема да има шеесеткатници туку неколку згради не повисоки од 20 ката појаснувајќи дека ќе има и две до три нивоа подземен паркинг.

Деталниот урбанистички план за оваа локација е под мораториум и истиот завршува на 14ти месецов, а од општина Центар велат дека истиот ќе се продолжи и дека се уште се работи на новиот план по што ќе се знае што и како би се градело на локацијата спроти ГТЦ. Но, и тој посочи дека 60 катници нема да има, иако кај дел од експертската фела има различни мислења околу тоа што треба да се гради на ова локација.

0 Коментари

Остави коментари