МП за ТВ 24: Немаме добиено известување дека Михаилов е уапсен за да бараме екстрадиција
Министерството за правда започнува постапка за екстрадиција по претходно добиено известување дека лицето е лоцирано или уапсено. До овој момент немаме добиено такво изврстување за лицето Симеон Михаилов, велат од Министерството за правда за ТВ 24 на прашањето дали Министерството ќе почне постапка за екстрадиција за Михаилов кој е осуден во Македонија и се бара со меѓународна потерница, а во Бугарија гостува по телевизии за случајот со неговата ќерка Ива Михаилова на која ѝ се суди во Кочани за учество во сообраќајка со смртни последици.
И таткото и ќерката според информациите се со двојно државјанство и имаат бугарски пасоши.

