Можно олабавување на рестриктивните мерки
Foto

Можно олабавување на рестриктивните мерки

Вчерашната ковид-статистика покажа пад на бројот на новозаразени за три до четири процентни поени. Ако претходните денови бројот на нови случаи од вкупниот број на тестирани се движеше околу девет и 10, вчера тој процент беше 6,5. Од направени 1726 тестирања, вчера беа регистрирани 112 позитивни на коронавирусот или 6,49 отсто. Во претходното деноноќие беа регистрирани и 12 починати и оздравени 419.

Досега се имаат вакцинирано над 780 илјади граѓани, а ревакцинирани се околу 715 илјади.

Со последните бројки, барем една доза вакцина имаат примено 55 отсто од населението над 40 години и 31 отсто од населението од 18 до 39 години.

Деновиве во државата пристигнаа и 100 илјади вакцини од компанијата „Фајзер“ преку системот Ковакс, а вкупно од овој производител има околу 250 илјади, 50 000 вакцини на „Синовак“ и околу 100 илјади вакцини од производителот „Астра Зенека“. Од Министерството за здравство очекуваат наскоро Данска да ја објави донацијата од 250 илјади вакцини од производителот „Џонсон“, кои имаат рок до 2023 година.

Според епидемиолошки анализи во моментов има 12.017 активни случаи од кои, во Скопје се 5629, Куманово – 941, Тетово – 932, Охрид – 515, Гостивар – 482, Кичево – 408, Струга – 365, Велес – 318, Струмица – 304, Прилеп – 294, Битола – 277, Штип – 227, Кавадарци – 211. Дојран и натаму со по еден активен случај.

Досега во земјата се направени вкупно 1.279.154 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.999 бројката на оздравени пациенти е 171.375, на починати е 6.607.

Според светската статистика, во светот досега се инфицирале со САРС-КоВ-2 околу 233 милиони луѓе, починале над 4,7 милиони, а оздравеле повеќе од 209 милиони лица.

0 Коментари

Остави коментари