Можно ли е деблокирање на европскиот пат за Македонија?
Засилена дипломатска поддршка за Македонија во пресрет на јунскиот состанок на Советот на ЕУ. Пендаровски и Радев во Рим, германскиот министер за Европа - Рот во Скопје. Можно ли е деблокирање на европскиот пат за Македонија?
Дебатираа поранешниот амбасадор Мухамед Халили и Малинка Ристевска Јорданова - од Институтот за европска политика и во живо од Берлин со поранешниот амбасадор во Германија, Горан Рафајловски.