Можни измени во сегашниот модел на тарифни блокови за струја

Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика Ацо Ристов соопшти дека го анализира методот на плаќање на сметките за струја кои ги добиваат домаќинствата чија сума зависи од Блок тарифите.

Ристов вели дека ќе бара поправичен начин за наплата на потрошената електрична енергија од сегашниов модел. Смета дека има простор за подобрување бидејќи според него за ист производ граѓаните плаќаат различни суми. 

Ацо Ристов претседател на РКЕ

„Можно е да направиме нов начин кој – ајде да кажам поправичен. ( А каде гледате овде неправичност? ) Неправичност е што иста енергија се плаќа по различна цена. ( Сакате да кажете, богаташите што плаќаат повеќе, нив да ги жалиме? ) Не не не се збори за богаташите или сиромасите. Енергијата е роба, и тој кој ја произведува тој ја продава по иста цена се другото е социјална категорија која треба да се услогласува со државата. Инаку, не може да постојат пет цени за ист производ. ( Значи, можно е укинување? ) Не, не реков дека е можно укинување, ќе се разгледаат искуствата од примената на овој систем па ќе видиме ќе направиме анализа.„ 

Блок тарифите за електрична енергија во земјава беа воведени пред четири години. Целта беше да се намалат трошоците за електрична енергија на домаќинствата кои не користат големо количество на струја во текот на денот, но и струјата порационално да се користи бидејќи моделот вели кој помалку троши помалку и плаќа, како и обратно, поголемите потрошувачи имаат повисока цела на крајот на месецот. Актиелните цени засега се во првиот блок доколку не се надминат  потрошени 210 киловат часови во месецот тарифата изнесува 4,7 денари по киловат час, вториот блок е од 211 до 630 киловат часови а цената е 5,8 денари по киловат, во третиот тарифата изнесува 7,8 денари доколку не се потрошат 1050 киловати, а ако се надмине таа потрошувачка тогаш условно кажано, големите потрошувачи  ќе добијат сметка која ќе се тарифира по цена од 19,1 денарио за киловат час. 

Прв блок  до 210 kWh   4,707 ден/kWh

Втор блок  211 – 630 kWh  5,898 ден/kWh

Трет блок   631 – 1050 kWh 7,854 ден/kWh

Четврт блок  над 1050 kWh 19,190 ден/kWh

На денешната прва средна на новиот регулатор со новинарите тој го презентираше годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, и напомена дека очекува ако не годинава, до 2027ма Мкаеонија да биде независна од увоз на струја, односно целокупната потреба од електрична енергија да биде од домашното производство. 

Состојбата со гасот и со горивата особено дизелот кој е тема број еден во областа на енергетиката последниве два месеци е стабилна, а проблем има кај водата, тука има аралмантна ситуациоја подолг период каде над 60 отсто од питката вода ја пиење или не се плаќа или се губи низ дотраената подземна инфраструктура.