Можна “владина реконструкција“ - кој ќе замине, а кој ќе остане во владиниот кабиент?
Сите сакаат да останат ама никој не знае дали Заев ќе ги задржи покрај себе министрите во Владата за која е веќе јасно дека ќе претпри реконструкција.
Откако се' уште актуелниот министер за земјоделие Аријанит Хоџа и двајцата заменици министри од БЕСА си поденсоа оставки никој уште не знае колку од преостанатите шест министри ќе бидат сменети и во кои сектори ќе го стори тоа Заев. Се' зависи од преговорите помеѓу СДСМ и Алтернатива која има отворена покана да се придружи и да го окрупни парламентарното мнозинатво.
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров смета дека за сега на чело на Владата треба да остане Зоран Заев. Тој во денешното издание на Студио 10 на ТВ 24 изјави дека причината зошто него го споменуваат како можен наследник на Заев се пораките на граѓаните но и на меѓународната заедница.
А дел од министрите немаат дилема дека реконструкција на Владата мора да има. Сепак секој од нив има различни причини зошто токму нивниот ресор не треба да биде заменет со друг министер.
За министрите за здравство и транспорт и врски, Венко Филипче и Благој Бочварски за зачувување на фотелјата најбитен е успехот што секој министер го остава зад себе.
А кадрите на ДУИ, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, министри за финансии односно за економија сметаат дека во време на сериозни предизвици нема потреба од менување на министрите на ДУИ.
Mинистерката за образование Мила Царовска вели дека се' додека по предлог на премиерот, Собранието не изгласа нов или нови министри таа останува да ги исполнува своите задачи.
Ако лидерите на СДСМ и на Алтернатива, Зоран Заев и Африм Гаши се договорат за идна соработка тогаш до крајот на неделава ќе треба да се знае кој со кого дали и како ќе биде дел од новата реконструирана Влада.

