Можен ли е пробив во преговорите меѓу САД, Русија и Украина за крај на војната?

По шест месеци пауза во преговорите и се пожестоки меѓусебни напади, нов обид да се постигне мир помеѓу Русија и Украина.. Емисарите на Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, прво во Москва а потоа и во Киев на средби со првите луѓе на двате завојувани држави, Владимир Путин и Володимир Зеленски..Американските пратеници на рускиот претседател му презентирале нови идеи за прекин на војната во Украина.. .. Но разговорите не биле ограничени само на решавањето на конфликтот...На маса се нашле и економски прашања, како и потенцијални руски и американски проекти од заеднички интерес. 

Јури Ушаков – советник на претседателот на Русија

„Американските претставници беа целосно подготвени за ова патување. Тие не само што го повторија својот интерес за брзо прекинување на воените дејствија, туку претставија и низа идеи за можни начини за постигнување решение на конфликтот. “

Путин и Зеленски претходно прифатија прекин на нападите врз главните градови на двете земји во период од три дена за да се осигура бесбедноста на американската делегација....

Владимир Путин – претседател на Русија

„Ситуацијата која ќе ја разгледаме секако не е лесна. Пред да почнеме, би сакал да му изразам благодарност на амењриканскито пртетседател Доналд Трамп. Тој разбира дека се впушта во сложена ситуација.“

Американските пратеници по средбата отпатуваа за Киев, каде разговараат со украинскиот претседател Володимир Зеленски...Но наместо со авион, Виткоф и Кушнер стигнаа во Украинската престолнина со воз..Ова е прва посета на главните преговарачи на Доналд Трамп на Киев...Во пресрет на средбата, Зеленски вели дека е подготвен за суштински разговори ..

Володимир Зеленски – претседател на Украина

„Нашата цел е да придонесеме за побрзо завршување на војната. Мирот е неопходен. Неопходни се и безбедносни гаранции, како и достоинствен и одржлив мир по завршувањето на војната. Нашите предлози се подготвени. “

Експертите пак се сомневаат дека најновата серија преговори ќе донесе поместување на ставот на Москва..Како што велат, во моментов, поголеми се шансите притисокот да биде врз украинскиот претседател..

 Нина Кушева – професор по меѓународни односи на Универзитетот во Њујорк

„Ниту САД, ниту било кој друг може да направи голем притисок врз Рускиот претседател. Тоа всушност е и проблемот, со што можете да извршите притисок врз Москва. Има илјадници санции, се заробуваат бродови од тајната поморска флота . Путин нема да се откаже, знае што сака и ќе се бори за да го добие тоа. САД не можат да направи многу. Мислам дека Русија очекува од Белата Куќа да изврши поголем притисок врз Зеленски и можеби затоа Виткоф и Кушнер одат во Киев, да извршат поголем притисок врз Зеленски. “

А додека траат преговорите во Москва и Киев, војната продолжува во останатиот дел од Украина и Русија..Во последната серија ракетни напади, погодени десетина цели во Запорожје..Украинската армија возврати со напади врз Белгород..Но големиот број на жртви , ослабените економии, оштетената инфраструктура, престојните избори во русија и се погласните повици за избори во Украина, би можеле да го зголемат притисокот врз двете страни да најдат начин за ставање на крај на војната која почна во 2022 година..