Можеа ли приватните клиники повеќе да понудат?

По договорот на Министерството за здравство и приватните клиники за меѓусебна соработка во борбата со КОВИД-19 и дополнителните 100 болнички кревети во старата гинеколошка болница на Систина, поранешните министри за здравство со поделени мислења.

Приватните болници треба да имаат општествена одговорност и овие месеци да се обединат под единствена дирекција на министерството за здравство- смета д-р. Арбен Таравари.

Според д-р. Драган Даниловски пак, со оглед на актуелната ситуација, 100 болнички кревети се сепак од големо значење.

Старата гинеколошка болница на Систина, до крајов на неделава ќе биде пренаменета во инфективно оддление и ќе може да прими 100 пациенти.  Лекувањето ќе биде бесплатно, на трошок на државата, а за пациентите ќе се грижи лекарски тим од „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ремедика“.

Министерот за здравство, Венко Филипче уверува дека во болниците има доволен број болнички кревети, а во текот на оваа недела најави и отворање на дополнителни болнички капацитети за ковид-пациенти и на хируршките клиники.