Може ли Раде Трајковски Штекли психички да го следи судењето?
Уште едно рочиште во основниот кривичен суд за случајот „Штекли“ почна анализата на психијатриските анализи на првообвинетиот Раде Трајковски. Пред судот сведочеше вештото лице на одбраната Ѓорѓија Хаџи Ангелковски кој даде мислење дека Трајковски е психотичен и не е во можност да го следи судскиот процес.
Психијатарот Хаџи Ангеловски го посетил Трајковски во затворот „Скопје“, каде интервјуто, како што рече, траело подолго од вообичаено.
Ѓорѓија Хаџи Ангелковски
- Го посетив обвинетиот во затвор Скопје и разговорот траеше околу четири часа, а заклучокот за состојбата е после ананлизирање на дискусијата. Не е тоа истата личност која што ја видов сега во затворот, не се работи за здрава личност која имитира лудак. Останувам во целост и сега за се што е наведено во вештиот наод и мислење.
Одбраната тврди дека Трајковски не е во состојба да ја следи судската постапка, додека обвинителството останува на ставот дека тој е апсихотичен и способен за учество во расправата. Вештакот Ангелковски во своето сведочење нагласи дека психолошката состојба на првообвинетиот Штекли кулминира со тоа што тој верува дека има свој имагинарен учител а според него тој е само една здрава фасада а внатрешно има растројство.
Ѓорѓија Хаџи Ангелковски
- За мене зачудувачки беше тоа што овие состојби се повторувачки. Шизофренијата е тип на психоза, со епилепсијата може да биде опасна. Ова е психичка болест, а не стреуктура на личност и не е во состојба да управува со своите постапкисогласно својата волја и свест и не е способен да учествува активно во судскиот процес.
Наодот пак од обвинителството го тврди спрротивното и може да му се суди на Штекли. На 5 септември со сведочење на вештите лица на предлог на обвинителството продолжува судскиот процес. Судијата Илија Трпков најави дека ќе ги соочи вештите лица од двете страни пред да донесе одлука дали ќе се прифати едно од вештачењата или пак ќе се нареди ново.

