МОВ вечерва се отвораат со дигитална премиера на „Кармен“
Foto

МОВ вечерва се отвораат со дигитална премиера на „Кармен“

Мајските оперски вечери почнуваат вечер со дигиталната премиера на најновата продукција на операта „Кармен“, соопштија од Националната опера и балет.

На нивниот официјален YouTube канал, како што посочуваат, ќе можат да се проследат 10 продукции, осум оперски и две балетски, со кои ќе бидат одбележани Мајските оперски вечери.

На 12 мај ќе се емитува балетската претстава „Рајмонда“, 15 мај „Турандот“, 17 мај „Кавалерија Рустикана“ и оперскиот концерт по повод 70 години од оперската уметност. На 19 мај ќе имате можност да го проследите балетскиот концерт „Балетски бисери“ а на 22 мај операта „Фауст“. На 24 мај, по повод празникот „Св. Кирил и Методиј“ ќе имате можност да ја проследите операта „Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски. Операта „Адријана Лекуврер“ ќе се емитува на 26 мај, а операта „Травијата“ на 29 мај. Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај кога ќе се емитува операта „Аида“.

0 Коментари

Остави коментари