Мотивот зад убиството во Батинци – маж пукал во татко на девојка која одбивала брак
МВР ја откри причината за убиството на влезот од скопското село Батинци кое се случи вчера, а каде што 50-годишниот А.М. им подлегна на прострелни рани откако во него пукал Џ.М., осомничен дека делото го сторил од одмазда поради одбиван предлог за брак.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот е пријавен во 10:15 часот, а жртвата била веднаш пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што околу 11:00 часот починал.
Потресни детали открива ќерката на убиениот, 20-годишната Е.М., која изјавила дека, заедно со нејзиниот татко, биле на Клиниката за неврологија. Таму се обидел да стапи во контакт со неа Џ.М., кој во изминатиот период ѝ се заканувал затоа што не сакала да се омажи за него. Девојката одбила да комуницира, по што следувал крвавиот епилог.

