Москва: Отворена истрага за Леонид Волков, близок соработник на Навални
Foto

Москва: Отворена истрага за Леонид Волков, близок соработник на Навални

Руските истражители отворија кривична истрага против Леонид Волков, близок соработник на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој е во затвор.

Истражниот комитет го обвинува Волков за поттикнување малолетни лица да учествуваат во  протестите во саботата, кои беа организирани без дозвола, а на кои демонстрантите бараа ослободување на Навални.

Според некои извештаи, за време на протестите биле приведени скоро 4.000 луѓе.

0 Коментари

Остави коментари