„Море без обала“ - десетти студиски албум на култниот рок бенд Ван Гог

По успешното создавање и промовирање на рок'н'рол културата и музиката на Балканот повеќе од 30 години, култната рок група „Ван Гог“ и го подари на публиката својот 10ти студиски албум насловен „Море без обала“. По пауза од 5 години, „Ван Гог“ промовираат еден - за нив поинаков звук, водени од принципите дека публиката секогаш заслужува нешто ново, заслужува музичко издание на кое досега не е навикната и не може да го предвиди.

И покрај тоа што според него – на светот му се случува културолошки и морален колапс, а рок'н'ролот тргна во надолна насока, сепак рок'н'рол идеологијата продолжува да опстанува. Како што вели, сеуште постои армија на луѓе, меѓу нив и млади, кои ја сакаат, почитуваат и негуваат овој тип на култура, не само во регионот туку и во светот.