Морачанин за ТВ 24: Ако не добиеме гаранции за тоа што не загрижува ќе гласаме против и ќе ја напуштиме Владата

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски, партии кои се дел од владината коалиција. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, Морачанин, Трајанов и Милевски, ги образложиле партиските согледувања за францускиот предлог и ги истакнале нивните загрижености.

По завршувањето на средбата, изјава за ТВ 24 даде Маја Морачанин.