„МОНСТРУМ“: КОСОВСКИТЕ ВЛАСТИ НЕ ЗНААТ КАДЕ Е АФРИМ ИСМАИЛОВИЌ, ЕДЕН ОД ДИРЕКТНИТЕ ИЗВРЕШИТЕЛИ ВО „МОНСТРУМ“
Косовските власти не знаат каде e обвинетиот во случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ. За петкратното убиство кое во 2012 година се случи кај Смилковското Езеро. До Министерството за правда стигнал одговор дека косовските власти не знаат каде е Исмаиловиќ.
- „Добивме информација од страна на Министерството за правда на Косово дека добиле одговор од надлежниот јавен Обвинител дека во моментот не е познато каде се наоѓа обвинетиот Африм Исмаиловиќ“. - стои во соопштението на македонското Министерство за правда.
Тие ќе испратат ургенција и ќе побараат од надлежните косовски власти да направат напори за пронаоѓање на Исмаиловиќ и негова екстрадиција. Од Правда не го споемнуваат Алил Демири за кого исто така се бара екстрадиција.
Косовскиот Министер за внатрешни работи, Екрем Мустафа, пред една недела изјави дека обвинетите во случајот „Монструм“, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се во бегство, ќе бидат екстрадирани.