Монпеље му го нанесе првиот пораз на Вардар во ЛШ сезонава
Foto

Монпеље му го нанесе првиот пораз на Вардар во ЛШ сезонава

Ракометниот првак Вардар го претрпе првиот пораз сезонава во лигата на шампионите откако со 31:25 загуби од Монпеље во „Јане Сандански“.

„Црвено-црните“ најавија дека се подготвени за младиот француски тим, но на теренот не делуваше така. Не успеаја да ја запрат нивната брза игра со агресивна одбрана.

Тактиката „7 на 6“ скапо ги чинеше вардарци кои примија многу голови на празен гол.

Недостасуваа и интервенциите на Ристовски и Томовски, кои заедно имаа 10. По првиот загубен меч сезонава во елитата тренерот Веселин Вујовиќ грешката ја бараше во своите редови.

0 Коментари

Остави коментари