Монографска изложба „Помеѓу зборот и сонот“ на Наташа Андонова во МКЦ
Foto

Монографска изложба „Помеѓу зборот и сонот“ на Наташа Андонова во МКЦ

Монографска изложба „Помеѓу зборот и сонот“ од академската сликарка Наташа Андонова вечер во 19 часот ќе биде претставена во изложбениот салон на МКЦ-Скопје.

Настанот, што го организираат Музеј на град Скопје и Град Скопје, е во рамките на циклусот Калеидоскоп од КреАрт проектот.

-На изложбата ќе бидат претставени илустрации за детски бајки и приказни, каде Наташа оттргнувајќи ги од светот на фантазијата  создава нови визуелни приказни во кои волшебно ги разигрува мноштвото нејзини јунаци, информираат организаторите.

0 Коментари

Остави коментари