Монасите од Хиландар на МПЦ ОА ни вратија реплика од иконата на „Богородица Троерачица“

Оригиналот на оваа икона, кој сега се наоѓа на света гора, во манастирот Хиландар, бил донесен уште во стариот храм на црквата Света Богородица во Скопје во 1346 година, каде останал цели 50 години. Сакралната вредност на една икона воопшто не губи вредност од тоа дали е во оригинал или во копија туку зависи од созрцанието на светецот насликан на иконата, вели отец Милан Ѓорѓевиќ професор на Богословскиот факултет.

Оригиналната икона на Богородица Троерачица која датира од шестиот односно седмиот век, важи за една од најстарите икони во светот. Неа ја насликал монахот и философ Свети Јован Дамаскин.

Според Ѓорѓевик во религијата и во верата нема ништо случајно, па враќањето на репликата на оваа икона и има големо значење за нашата црква, прво како еднаква самостојна црква во редот на православните цркви, и за верниот народ чија заштитничка е мајката божја, богородица. Отец Ѓорѓевик, гостуваше во емисијата „Аргумент +“ .