МОН: Платформата за онлајн учење од денес е достапна за учениците и родителите

За учениците и за родителите од денска е достапна национална платформа за онлајн учење. Од ресорното министерството соопштија дека платформата е активирана на полноќ и ги повикаа учениците да се запознаат со нејзините функционалности пред стартот на учебната година.

На платформата веќе се поставени видео упатства и прирачници, но и други содржини, кои ако се следат внимателно, на едноставен и лесен начин ги водат корисниците низ платформата - велат од министерството.

Учебната година почнува на 1 ви октомври. Различни училишта почнуваат со различен пристап во наставата.