МОН: Дигитализацијата на материјалите за учење се воведува етапно

Наместо бојкот, родителите кои се против дигитализацијата на учебници излегуваат на протести. Во сабота низ сите градови во земјава и со протестен марш во Скопје ќе го искажат своето незадоволство и ќе бараат референдум за новата реформа во образованието. 

Сојузот на средношколци нема да се приклучи на протестите бидејќи тие не се против дигитализацијата, но се против начинот на кој МОН ги имплементира реформите во образованието.

И дел од експертската јавност поделена . Поранешниот заменик министер за образование, Петар Арсов за Тв 24 вели дека не е против дигитализација но смета дека нема доволна подготвеност за спроведување на оваа реформа.

Од Министерството за образование не отстапуваат од ставот дека дигитализација на учебниците ќе има но ќе се спроведува етапно, почнувајќи од следната учебна година за учениците во четврто одделение.