Момче се удави во Пчиња, кај кумановското село Шупли Камен
Foto

Момче се удави во Пчиња, кај кумановското село Шупли Камен

Петнаесетгодишно момче се удави вчера во водите на реката Пчиња, кај кумановското село Шупли Камен, потврди кумановската полиција.

Според првичните информации на СВР Куманово, момчето родено во 2004-та година заедно со уште едно возрасно лице и двајца малолетници, вчера во 16:15 часот влегол во водите на Пчиња и се удавил.

Известен е јавен обвинител и извршен е увид.

0 Коментари

Остави коментари