Молк од членовите на Судски совет за кои има интерпелации, премиерот гледа опција за оставки преку притисок од јавноста
Ќе останат ли празни петте столчиња на членовите од Судски совет избрани во Законодавниот дом? Интерпелацијата во Собранието за нив е извесна ,но разрешувањето виси. Зад иницијативата поднесена неделава застанаа 67 пратеници од владеачкото мнозинство, но за нивното заминување од функциите ќе треба да одлучат самите, а така налага и Законот за Судски совет
Интерпелацијата за судиите Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми на дневен ред во Собранието ќе се најдат на почетокот од Март. за најавите на власта за разрешување кое влезе и во институциите на системот Телевизија 24 побара коментар од сите 5 судии, но одговор добивме само од судијата Мустафа.
Тој посочи дека би поднел оставка само доколку се утврдат законски повреди или професионални пропусти што ги направил во текот на неговата работата. Во спротивно не не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност да преземам таков чекор. „
Премиерот Мицковски вели дека законот не дозволува да се разрешат судиите. Се надева дека по интерпалцијата ќе покажат доблест и сами ќе се повлечат од функцијата, во спротивно како што рече-борбата ќе продолжи со јавен притисок.
Од Коалицијата сите за правично судење велат дека - евентуалното разрешување на членовите на Судски совет преку интерпелација во Собранието е упад на извршната но и законодовната во судската власт.
Дарко Аврамовски за Трилинг на тв 24 порачува дека потребен е конкретен план како би се избрале новите членови на Судскиот совет. Од Владата пак велат дека ако судиите бидат разрешени - изборот на новите членови на Судскиот совет ќе биде според законот што е во сила, бидејќи нов се уште нема. Интерпелациите се поднесени заради недоследно спроведување на надлежности, негрижи, како и нарушување на угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството.
Во Уставот не е предвидено разрешување на Судски совет од Собранието. Во Законот за судски совет пак е предвидено разрешување - ако претходно судијата биде сменет од судска функција, но и по дисциплинска постапка која може да се врши само во Советот- став кој што го застапува и новиот претседател на судски Александар Камбовски .
Додека се редат најавите на власта за разрешување на судски од Министерството за правда велат дека се работи на судските реформи - кои вклучуваат критериумите за избор и разрешувања на членови на ова тело. По серијата скандали пред повеќе од една година ЕУ достави 40 препораки за реформи на Судскиот совет. Нов закон за судски совет е дел и до реформската агенда која Македонија мора да ја исполни со планот за раст.

