Мојановски за ТВ 24: Треба да очекуваме дека и нашиот архиепископ ќе сослужува со другите поглавари на православните цркви во светот

Цане Мојановски поранешен претседател на Комисијата на верски заедници во емисијата 24 анализа истакна дека литурскиото сослужување е црковниот облик во кој  се изразува единството на оние кои учествуваат во читургијата и симболички се официјализира и на јавноста се соопштува тоа единство.

- Црковната хиерархија на МПЦ и МПЦ-ОА е воведена е канонска црква. Како манифестација на тоа единство е сослужување и треба да очекуваме дека и нашиот архиепископ ќе сослужува со другите поглавари на православните цркви во светот согласно она што беше објавено во соопштението на вселенскиот патријарх. Сослужувањето со СПЦ значи операционализација во делот на одлуката во која СПЦ се изјаснува дека ја прима во МПЦ која беше расконлничка по одлуката на Синодот на МПЦ од 1967 да го подигне нивното на самостојност. - рече Мојановски.