Мојаноски: Условите од Вселенската патријаршија не се нерешливи
Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија треба да си направи сопствена стратегија и да ги процени ризиците, од повлекување на евентуален чекор во контекст на условите од Вселенската патријаршија што како такви вчера ги претстави поглаварот на МПЦ ОА, г.г. Стефан, зашто овде не станува збор за канонски или црковен проблем или проблем кој досега не го запознала историјата на православните цркви, вели во вечерашното гостување во емисијата Аргумент+, проф.д-р Цане Мојаноски.
Прифаќањето на името Охридска Архиепископија е достоинствено име кое е врзано и со Јустинијана Прима. Прашањето со дијаспората треба да се решава по добивањето на автокефалниот статус, па да видиме како тоа го решиле останатите православни цркви така да го решиме и ние, смета Мојаноски.
Во делот на условот за признавање на Православната црква на Украина, професор Мојаноски смета дека порано или подоцна со оваа црква ќе се воспостават некакви односи. Како што сега има цркви кои нашата црква не ја признаваат но пристапуваат со нас кон заедничко сослужување, вели Мојаноски во Аргумент+ на ТВ 24.