„Мој ДДВ“ не работи веќе три дена
„Нема конекција до УЈП!“ – ова е пораката што се појавува веќе трет ден на апликацијата „МојДДВ“, при обидите на граѓаните да ги скенираат фискалните преку системот што овозможува поврат на ДДВ.
Од Управата за јавни приходи велат дека проблемот е од техничка природа. Оттаму не соопштуваат дополнителни детали, ниту рок кога користењето на апликацијата ќе се нормализира.
„МојДДВ“ и претходно во неколку наврати имаше технички потешкотии. Минатата година имаше неколку прекини во функционирањето на апликацијата, а се доцнеше и со исплата на средствата од повратот на ДДВ.

