Могерини и Хан со заедничка честитка за историската одлука на Собранието
Foto

Могерини и Хан со заедничка честитка за историската одлука на Собранието

„Искрени честитки за изгласаните уставни измени во собранието упатија шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан. Политички чинители и граѓаните за она што наскоро ќе биде Северна Македонија преку гласањето во парламентот за уставните измени. Се надевам дека оваа историска одлука ќе создаде позитивна динамика за напредок на целиот регион на Западен Балкан.” - напиша Хан на Твитер.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг од своја страна му испрати директен твит на премиерот Зоран Заев да му честита за крајното гласање на Собранието.

„НАТО силно ја поддржува целосната имплементација на договорот, што е важен придонес за стабилен и просперитетен регион“ - порача Столтенберг.

0 Коментари

Остави коментари