„Моето тело е мој избор“ и „Стоп за присилна вакцинација“ - протест пред Собрание
Foto

„Моето тело е мој избор“ и „Стоп за присилна вакцинација“ - протест пред Собрание

Вечерва во Скопје пред Собранието протест во пресрет на утрешните нови рестриктивни мерки за Ковид 19. Со транспаренти како „Заштити ја планетата, отстранија ја елитата“, „Мое тело - божја сопственост“, „Моето тело е мој избор“, „Стоп за присилна вакцинација“ и „Слободата нема цена“ го изразија своето незадоволство од мерките во земјава.

Протестот беше мирен, но беа регистрирани навреди и недолични коментари од дел од присутните.

Дел од протестот беа и менаџери на угостителски објекти и граѓани кои сметаат дека со новите мерки се врши дискриминација на граѓаните. Со новите мерки, меѓудругото, се ограничува односно забранува влез на невакцинирани во затворени објекти, но и на настани на отворено каде има поголем број на луѓе.

Освен за вакцинираните, новите мерки нема да важат и за оние кои прележале Ковид 19 изминатиот месец и половина.

0 Коментари

Остави коментари