Модерна или веќе видена кампања?

Современа или веќе видена кампања. После неколку дена по стартот на изборите се сумираат првите впечатоци, што мислат граѓаните за пораките на политичарите, ветувањата на партиите колку и дали им веруваат.

„Македонија повторно горда“ е мотото на Силјановска Давкова наспатува на изборната трка. Пендаровски пак оди со „Нашиот претседател Стево“, Стевчо Јакимовски со „Храбро за Македонија„ .Максим Димитриевски со „Максимум за Македонија “, а Билјана Ванковска со „Го враќаме достоинството“. Мотото на Aрбен Тараварие  „Промената вреди“ , а пораката на Бујар Османи „Европски претседател“. Ги прашавме и граѓаните за ликот на оваа кампања..

Модерна или веќе видена. Реклами по телевизии, билборди, флаери, запалки и пенкала. После три децениии парламентарна демократија партиите ги менуваат слоганите, но не и навиките за начинот на кој ги праќаат своите пораки до оние кои што се наменети, до гласачите.