Мобилна чекална за пациентите што чекаат пред ковид амбулантата во Штип

И денеска бројот на хоспитализирани ковид пациенти на штипско инфективно е на нивото од претходните три дена.

Од болницата велат притисокот е намален и бројот на отпуштени е речиси ист со бројот на новопримени пациенти. Се уште половината од хоспитализираните се со тешка клиничка слика и на кислородна подршка.

Денес за пациентите што чекаат пред ковид амбулантата беше поставен шатор, во него ќе има греалки и ќе бидат поставени клупи согласно здравствените протоколи. чекалницата е поставена со подршка на црвениот крст и извидничкиот одред Еквинокс. Заклучно со вчера во источниот регион има 1832 активни случаи на коронавирус.