Мобилизација на 295 војници од АРМ - ќе и помагаат на полицијата во обезбедување на државните болници
Безмалку 150 полицајци и 300 војници ќе бидат ангажирани за обезбедување на болниците низ земјава, информираше денеска вршителот на должност директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов по состанокот на Кризниот штаб изјави дека војнците нема да бидат вооружени и ќе бидат исклучиво како придружба на полицајците а ќе бидат распределени само онаму каде што тоа ќе го побараат здравствените власти.
На барање на Главниот штаб, рече Ангелов, вчера МВР изработило конкретен план за местата кои ќе треба да бидат обезбедувани од страна на полицијата и Армијата и беше утврдена вкупната бројка припадници на полицијата и Армијата.
Излегувањето на војската на улица доаѓа откако Владата одлучи а претседателот на државата потпиша 30 дневна кризна состојба во Македонија.