МО: Нема да остане незапишан средношколец
Foto

МО: Нема да остане незапишан средношколец

Нема да има приемни тестови за учениците кои сакаат да се запишат во скопската гимназија „Орце Николов“. По бунтот на родителите и учениците, Министерството за образование се повлекува од оваа идеја. Министерот Адеми за ТВ 24 вели дека приемни нема да се полагаат ниту во средното медицинско училиште во Скопје, ниту пак во струмичката гиманзија „Димитар Влахов“, каде исто така имаше поголем број на апликанти од предвидената квота.

„Тие што имаат 5.0 просек ќе бидат распределени по паралелки и по барање на родителите но и по барање на училиштето. Ние остваривме средба со нив и одлучено е со оглед на сите околкности и успехот на учениците дека нема да полагаат приемен испит. Во однос на другите две училиштата, треба да достават до МОН точен број на ученици и барање за нивно распределување во паралелките за Министерството да може да донесе одлука утре да не се спроведе квалификацискиот тест.“ - вели Арбер Адеми – Министер за образование и наука.

Одлуката на министерството следува по неколку средби со родителите на одбиените полуматуранти.

„Министерот не повика на разговор, му ја објаснивме ситуацијата и дојдовме до решение дека сите 311 ученици ќе бидат примени односно сите што се со 5.00 просек.“ - вели Митко Димовски – Директор на СУГС „Орце Николов“.

Освен гимназиите, медицинското исто така останува една од најпосакуваните училишта за полуматурантите. Најголем дел од пријавените ученици тука сакале да учат за медицински сестри.

„Полуматурантите бираат смер медицински сестри најчесто заради тенденцијата да го продолжат своето образование на медицинскиот факултет или сродните медицински науки, дополнително на тоа, исто така вработливоста на кадарот, бидејќи секогаш има дефицит на овој кадар и во земјава, но и во странство, дополнително имаше одредени политики со кои се мотивираат медицинските сестри и мислам дека тоа придонесува за интересот“. - вели Маја Салиу – Директорка на СМУ „Д-р Панче Караѓозов“- Скопје.

Освен желбата за изучување на медицината, можноста за работа во странство исто така останува една од клучните причини поради кои полуматурантите се запишуваат на медицина, велат младите што ги анкетиравме.

„Многу голем дел се запишуваат тука за потоа да заминат на работа во странство“

„Да таа е најголемата причина. И вчера и денес имаше многу заинтересирани, ама пола завршуваат пола си одат. Зошто? Затоа што се повеќе платени надвор“

„Да надвор од земјава би било подобро да се работи отколку тука“

Дека работата во странство е една од главните причини за изучување на медицината, потврдуваат и статистиките на здравствените власти кои покажуваат дека само од почетокот на годинава околу 200 медицински работници ја напуштиле земјава.

„Во овој момент се прават проценки колкава сума на пари од централниот буџет треба да се одобри и да се зголемат дополнително платите на лекарите специјалисти за да согласно нашето ветување следната година стигнат до 100.000 денари и не ги забораваме и медицинските сестри и средниот персонал кои што се составен дел од работата на сите ЈЗУ за покачување и на нивните примања.“ - вели д-р Венко Филипче – Министер за здравство.

Освен медицинското, останатите стручни училуштаИ покрај декларативните заложби на власта дека ќе го стимулира стручното образование, на терен трендовите остануваат непроменети.

Експертите и дел од просветните работници предупредуваат дека се потребни политики на државно ниво и системски промени со кои ќе се зголеми интересот кај младите за стручното образование, бидејќи на пазарот на трудот веќе има дефицит токму од стручен кадар.

0 Коментари

Остави коментари