МНР за ТВ 24: Муцунски испрати реакција до ЕУ и земјите - членки за случајот со Михајлова

Бугарскиот амбасадор Желјазко Радуков повикан на разговор во МНР – Муцунски испрати реакција до ЕУ и земјите-членки за случајот со Михајлова. 

Од МНР за ТВ 24 порачаа дека министерот Муцунски веќе упатил реакција до Европската унија и членките, а во следниот период ќе бидат информирани и сите релевантни европски институции и меѓународни организации.

МНР : Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, веќе упати реакција до Европската Унија и земјите-членки на Европската унија во врска со случајот на бегството на Ива Михајлова. Во следниот период ќе бидат доставени и реакции до сите релевантни европски институции и меѓународни организации.

Провокација и мешање – вака МНР го оцени пречекот на Михајлова во Софија и најавите за прием на високо ниво. На бугарскиот амбасадор Радуков му било пренесено дека постапките на Софија ги поткопуваат напорите за градење доверба и добрососедските односи. Од МНР велат дека другото државјанство не смее да биде основа за заштита од одговорност. Побараа од Бугарија како членка на ЕУ да ги почитува судските постапки во државата и владеењето на правото. 

МНР : На амбасадорот му беше пренесено дека начинот на кој Ива Михајлова беше пречекана во Софија, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација, ги подрива напорите за градење доверба и е спротивен на заложбите за развој на добрососедските односи. Воедно, беше нагласено дека ваквото постапување претставува директно навлегување во правниот систем на нашата држава и испраќа сериозно погрешна порака во однос на почитувањето на судските постапки и принципот на еднаквост пред законот. 

Скопје нема зошто да се жали пред европските иснтитуции од Бугарија – известена е шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лаејн, порача бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Според него, случајот со Михајлова треба да се разгледува од хуманитарен аспект. 

Андреј Ковачев европратеник од Република Бугарија : Јас овде уште на средбата на Европската народна партија,што започнува во Италија, јаинформирав претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен за ситуацијата и сметам дека Скопје нема за што да се жали од Бугарија. Што точно проблематично направила Бугарија? Апсолутно ништо.Ние се разбира го псотавивме проблемот, хуманитарниот проблем со Ива Михајлова на сите нивоа.

Бугарската претседателка Илијана Јотова вчера порача дека има нејасни околности – како Михајлова ја напуштила Македонија и дека треба да се произнесат и  бугарските надлежни органи. Јотова најави и лична средба со Михајлова, доколку, како што изјави - здравјето ѝ дозволи.