МНР потврди за смртта на македонската дипломатка на мисијата при ОН
Foto

МНР потврди за смртта на македонската дипломатка на мисијата при ОН

Дипломатката на Обединети Нации која беше пронајдена мртва во стан во Њујорк е Македонка. МНР ја потврди веста која осамна во сите светски медиуми. Идентитетот се чува во тајност.

„Од Постојаната Мисија на Македонија при ОН во Њујорк пристигна жална вест која нѐ потресе сите, за трагично загубен животот на член на нашата мисија, дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи. Во оваа прилика сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејство и најблиските, и во име на сите колеги од Министерството за надворешни работи кои изгубија близок пријател и долгогодишен вреден и посветен претставник на дипломатијата“ - информираат од МНР. 

Познато е само дека дипломатката имала 38 години. Првичните информации се дека не станува збор за убиство, немало траги на насилство, јавува „Њујорк пост“.

„38 годишната жена беше пронајдена со лицето надолу и со ремен околу вратот во спалната, нешто после пладне. Полицајците откриле и антидепресиви и две шишиња мелатонин - едното празно, а другото речиси празно“ - информира „Њујорк пост“.

Соседите од нејзината зграда на Менхетен се изненадени од смртта. Ја опишуваат како симпатична и добра личност која живеела таму две години. Од мисијата на Обединети нации каде што работела дипломатката нема коментар или информација поврзана со настанот.

0 Коментари

Остави коментари