МНР на Бугарија: Не сме против „модерни“ перцепции за идентитетот
Во врска со Извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) за напредокот на Македонија реагираше и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија. Според реакцијата, Министерството ја зема предвид содржината на извештајот, вклучувајќи ги и проценките и наодите во врска со состојбата на европската интеграција на РСМ.
- Ја поздравуваме решеноста на АФЕТ да не биде вовлечен во шпекулативни националистички наративи поврзани со тврдења за „вековен македонски идентитет“, кои се спротивставуваат на европските вредности за инклузија и ги повредуваат чувствата и на Бугарите и на претставниците на другите заедници во РСМ, наведува бугарското Министерство за надворешни работи.