МНР: Граѓаните да избегнуваат патувања во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии
Министерството за надворешни работи (МНР) апелира до државјаните на Македонија да избегнуваат патувања кои не се неопходни, во Израел, Иран, Либан и Палестинските територии, сопштија од МНР.
Причина се информациите за можно влошување на безбедносните состојби во Израел и во регионот, се вели во соопштението од МНР.
Претходно Соединетите Американски Држави им забранија на своите вработени во Израел и на членовите на нивните семејства да патуваат надвор од поголемите области на Тел Авив, Ерусалим и Бер Шева, поради потенцијален одмазднички напад на Иран врз Израел по смртта на командантот на Револуционерната гарда во Сирија.