МНР: ЕК Стави на располагање 65,7 милиони евра за С. Македонија

Европската комисија ја одобри новата транша во износ од 65,7 милиони евра за Република Македонија во рамките на планот за раст за Западен Балкан и механизмот за реформи и раст, соопштија од МНР и Министерството за европски прашања.

Оттаму велат дека ова е највисокиот износ доделен во регионот, во споредба со доделените 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора.

Од исплатените 65,7 милиони евра, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, додека преостанатите средства ќе бидат ставени на располагање за инвестициски проекти преку инвестициската рамка за Западен Балкан.