Мнозинството во Собранието ќе разговара со пратеници на опозицијата
Foto

Мнозинството во Собранието ќе разговара со пратеници на опозицијата

Делувањето во една или повеќе пратенички групи во законодавниот дом на ВМРО ДПМНЕ кое партијата до прва ќе треба да го разгледува нема да ги смени ставовите на пратениците од белата палата околу уставните измени порача и денеска партискиот портпарол Наум Стоилковски.

Сепак на новинарско прашање дали ќе поднесат и тие уставни амандмани во законодавниот дом  доколку не им биде прифатен Законот за Амнестија Стоилковски одговори дека ќе направат се што е во нивна надлежност да ги спречат уставните измени но за тоа претходи и внатрепартиска консултација.

„Се она што се размислува, се презема или ќе се  презема во ВМРО-ДПМНЕ е во насока на спречување на оваа капитулантска власт за понатамошно девастирање на Република Македонија и економско уништување. Дали делувањето ќе биде како една или повеќе пратенички групи ќе биде од анализа колку вроди со плод поделувањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во повеќе пратенички групи но тоа нема да влијае во насока на политика и поставеност на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот“, вели Наум Стоилковски - ВМРО-ДПМНЕ

Од Владејачката СДСМ пак и денеска остануваат на ставот дека е неопходно што поскоро уставните амандмани да влезат во законодавниот дом, а велат консултациите со сите пратеници кои сакаат да дадат допринос во овој процес и натаму се прават . Сепак пратеникот Костадин Копстадинов и денеска потенцираше дека телото за помирување кое треба да почне со работа во законодавниот дом не значи и не треба да се сфати како повод за амнестија на сите оние кои се огрешиле пред законот.

„Во интерес на граѓаните што побрзо да бидат доставени амандманите во собранието. Останува отворено да разговараме со нашите колеги-пратеници од опозицијата и да  видиме да го отвориме процесот  затоа што закон за амнестија е брутален упад во правосудниот систем на Република Македонија. Не смееме да дозволиме заради политички преписки да го нарушиме принципот на владеење  на правото“, вели Костадин Костадинов - СДСМ

 

По известувањето до собраниските служби за формирање нова пратеничка група составена од 8 те пратеници кои ги поддржаа уставните измени која треба да ја предводи пратеничката и екс министерка за култура Канческа Милевска, речиси  сите досегашни гупи кои ги имаше ВМРО-ДПМНЕ во парламентот останаа покуси за еден пратеник, што се повеќе го отвара прашањето за ново пратеничко делување  на најголемата опозициска партија во законодавниот дом

0 Коментари

Остави коментари