Многу дилеми завиени околу унгарскиот кредит

Многу нејаснотии и отворени прашања за кредитот кој го договара Владата и банкарскиот сектор. Една од клучните забелешки на експертите е дека во овој период  нема соодветна анализа за ефектите од  кредитот врз македонската економија.

Повеќе јавноста и засегнатите страни водат дискусија какви ќе бидат  карактеристики на кредитот и како средствата ќе бидат дистрибуирани до компаниите. За да се максимизиреаат парите од унгарскиот кредит професорката Благица Петрески за ТВ 24 вели дека потрбно е да се знаат сите аспекти. 

„За која намена ќе бидат искористени средствата, слушнавме за производствени капацитети но дали ќе бидат за нови производствени линии, дали за нова технологија. Затоа што тоа може да значи од една страна нови вработувања, но може да значи и дополнителна додадена вредност или продуктивност. Вториот аспект е кој ќе биде таргет на компании, дали се тоа големи компании кои и во моментов имаат добар рејтинг и пристап до средства или се мали и средни компании.“ - Благица Петрески универзитетска професорка.

Петреска додава дека не се знае ниту дали ќе се обрне внимани на регионалниот развој, односно дали ќе се даде поттик за дел од колачот да аплицираат компании од помалку развиените делови на државата. Дека има многу нејаснотии, и дека целиот процес на договарање се држи во тајност а со тоа недостасуваат битни информации потврди и професорот Арбен Халили, кој смета дека добро ќе дојдат свежи пари во стопанството, но тие мора да бидат потрошени наменски, во спротивно овој ќредит многу ќе ги чини граѓаните.

„Јас сум да се искористат овие средства, да не седат во чекмеџето, условно кажано но да се пуштат во пазарот, но со одредено строго наменски цели.“ - Арбен Халили универзитетски професор. 

По пропадната шанса во неделата да се договорат властите и банкарите, денеска премиерот Христијан Мицкоски изјави дека се работи на две сценарија, а за кое ќе се договорат двете страни ќе се знае до крајот на оваа или на почетокот на следната недела. Според информациите, треба да се прецизира кој ќе ги плати оперативните трошоци на банките.

Владата веќе реши дека каматата од 3,25 % ќе се плати со пари од државната каса. Неофицијалните информации се дека банките ќе бараат уште плус околку два отсто на сумата која ќе ја бара компанијата. Дилемата сега е дали тие пари ќе ги плаќаат компаниите или пак граѓаните.