ММФ: Стабилноста на банкарскиот систем искажа задоволство од модернизацијата на монетарната рамка
Меѓународниот монетарен фонд даде позитивна оцена за спроведувањето на монетарната политика и за состојбите во финансискиот систем. Директорите на ММФ истакнуваат дека домашната економија се соочува со неповолни влијанија од светскиот енергетски шок, што претставува ризик за забавување на економскиот раст, истовремено зголемувајќи ги инфлациските притисоци, што наметнува натамошно внимателно водење на монетарната политика.
Извршниот одбор на ММФ искажа задоволство од модернизацијата на рамката за водење на монетарната политика и поддршка за натамошните активности за унапредување на управувањето со ликвидноста и за зајакнување на автономијата на Централната банка.
ММФ оценува дека финансискиот систем и натаму е стабилен, а банкарскиот сектор е добро капитализиран и високо ликвиден.
Директорите на ММФ искажаа задоволство и од преземените макропрудентни мерки и укажуваат на потребата од постојано следење на ризиците поврзани со кредитниот раст и изложеноста на банките кон пазарот на недвижности.

