ММФ советува пензиите да се усогласуваат само со инфлацијата и избегнување ад-хок зголемувања на минималната плата
Мисијата на Меѓународниот фонд која деновиве престојуваше во земјава оцени дека растот на македонската економија добива моментум и очекува годинава да изнесува 3,3%.
Сепак поради структурните ризици предизвикани од надворешни фактори и намалувањето на населението поради иселување, потенцијалниот раст на економијата може да се намали на 3%.
Фондот препорачува да се изостават понатамошните зголемувања на пензиите во септември 2025 година и враќање на систем на пензии заснован на правила во 2026 година – индексирајќи ги само според инфлацијата со што се поддржува фискалната консолидација, а куповната моќ на пензионерите се заштитува.
ММФ советува ограничување на растот на јавните плати на нивото на инфлацијата во краткорочен период, како и избегнување ад- хок зголемувања на минималната плата, со цел да се избегнат дополнителни притисоци врз инфлацијата.

