ММФ ИЗВЕШТАЈ: ЕКОНОМСКИОТ РАСТ 3,4%
Foto

ММФ ИЗВЕШТАЈ: ЕКОНОМСКИОТ РАСТ 3,4%

Економскиот раст во земјата ќе забрза во 2020 година, но власта треба да ги стегне јавните финансии, препорачува ММФ. Откако ја скенираа состојбата во државата, во новиот извештај монетарците очекуваат поголема контрола на корупцијата и подобра работа на администрацијата. За минималната плата, пак, велат дека иако многу се зголеми, нема да ја намали сиромаштијата. Експертите велат дека забелешките на монетарците, завиени во дипломатски ракавици, се поклопуваат со она што претходно и тие го говореа.

„Новата Влада, по изборите ќе треба да направи една севкупна оценка на сетоа тоа, дали мерката ги дала посакуваните резултати и какви ефекти има врз буџетот, односно во која мера ќе притисне на дефицитот, а потоа и врз јавниот долг за да не се доведеме во ситуација повторно да имаме рапиден пораст на јавниот долг.“ - Марјан Петрески, универзитетски професор.

Ако Владата веќе ги зголеми платите и пензиите, а го замрзна прогресивниот данок, укажуваат од ММФ, тогаш да се потруди да ја подобри наплатата на приходите во буџетската каса, но и да ги намали земјоделските субвенции. Монетарците не се толку оптимисти како македонските власти. Очекуваат економијата да порасне за 3,4 проценти, за разлика од Владата која направи проекција од 3,8 насто. Дека ММФ нема многу пофални зборови за економијата, алармираше заменичката министерка за финансии.

За Министерството за финансии пак, извештајот на ММФ е позитивен. По долготрајната политичка криза, македонската економијата влезе во период на солиден раст и стабилност. Реформите за справување со сивата економија ќе помогнат во подобрување на деловната клима и ќе ги заштитат работниците.

0 Коментари

Остави коментари