ММФ: Економијата закрепнува благодарение на реформите и политичката стабилност

Економската активност закрепнува и довербата се обновува, како резултат на интензивирање на реформите и воспоставувањето на политичката стабилност во земјава, оценува извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд за завршувањето на редовните годишни консултации со Македонија. Како што наведуваат од ММФ по стагнацијата во 2017 година, во првите три квартали на 2018 година дојде до умерено закрепнување на економскиот раст. Извршниот одбор забележува и дека политиките во претходната деценија го стесниле просторот за фискалната политика, па на среден рок е потребна постепена и стабилна фискална консолидација кон буџетското салдо и поставување на јавниот долг на цврста надолна траекторија.