Млеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, АХВ спие, се буди само кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги фати на дело

Млеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, а наместо да реагира, Агенцијата за храна и ветеринарство спие, обвинуваат од ВМРО- ДПМНЕ.

Според партијата, здравјето на граѓаните постојано е загрозено поради неспособнста на власта.

„Млеко и протеински јогурт со амфлатоксин од Србија влегле во Македонија, и завршиле по трпезите на граѓаните. АХВ како да не функционира. Агенцијата чека ВМРО-ДПМНЕ да ги фати на дело незаконитостите, па потоа како аналитичари да констатираат дека да тоа се случило, но еве сега постапуваат“, велат од ВМРО- ДПМНЕ.