Младитe невработени бараат поддршка да креираат иновативен бизнис

20 тина млади невработeни лица од Југоистокот преку работилници и иновативни кампови што ќе ги организира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе може да креираат бизнис проекти и да се самовработат. Меѓу нив е и 21 годишниот Симе Митев од струмичко. Тој смета дека на младите им е потребна поддршка но и едукација за да ги реализираат своите идеи во мали бизниси. Апелираше до младите да се охрабрат и да ги користат сите поволности што се нудат за нив.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во наредниве две годинини заедно со УГД Штип ќе го реализира проектот „Бизнис екосистем како интегриран систем“ од програмата за прекугранична соработка со соседна Грција. Целта е да се потикнат младите да бидат покреативни и преку размена на искуства  да нудат иновативни бизнис решенија во прекуграничниот регион.

Освен работилници и кампови младите од Југоистокот ќе имат и студиски престој во Грција каде со тамошните врсници же може заедници да реализираат одредени иновативни решенија. Тие ќе добиваат и низа констулатнски услуги а на располагање ќе им стои и бизнис ценаторт каде може да ја користат и опремата за креирање на одредени инвоативни производи.