Младинскиот образовен форум по 12-ти пат го организира единствениот настан за социјален активизам
Ивона Кузмановска програмска директорка на МОФ во емисијата Студио 10 рече дека овој настан почнува денеска во 14 часот со три компоненти.
- На настанот ќе зборуваат домашни и странски активисти од различни областии ќе биде поделен во три дела. Сакаме сите млади да ја заокружат учебната година со ваков настан. Овој настан е настан за социјален активизам и се случува од 2012 година. Се почувствува потребата да се направи ваков настан и да се префрли настанот од радио на офф лајн и младите да бидат инспирирани од говорите, за да поактивно се вклучат во заедницата. Имаме можност да мотивираме млади луѓе со говори. Идејата е да даде простор на сите активисти, луѓето со говорите да ги инспирираат учесниците и да ги презентираат добрите дела што ги прават во задницата. - рече Кузамновска.