Млади со Даунов синдром со шест медали за млади иноватори
Foto

Млади со Даунов синдром со шест медали за млади иноватори

Имаат помеѓу 17 и 21 година, а веќе се светски прваци во иновација. Младите со Даунов синдром кои се членови на дневниот центар „Доза среќа“ неодамна освоија шест златни медали на светскиот натпревар за млади иноватори во Индонезија. Тие, заедно со нивниот ментор Д-р. Драган Јованов измислија чај за невролошки и автоимуни заболувања.

Дечињата среќни и задоволни, пред нашата камера велат дека нема да застанат со нивната работа.

Претседателката на здружението дневниот центар „ Доза среќа“ Сузана Стојановска вели дека работат во сите области со децата за да се олесни нивното живеење, но дека условите во нашата држава се сведени на минимум.

До крајот на годината ќе учествуваат на уште шест светски натпревари со цел да се подигне свеста и да им се даде шанса на децата со Даунов синдром да ги покажат своите квалитети пред светските организации.

0 Коментари

Остави коментари