Млади од 10 земји од регионот на манифестацијата „Балканот е срцето на Европа”
Foto

Млади од 10 земји од регионот на манифестацијата „Балканот е срцето на Европа”

Со театарската претстава „Пеликанот“ од Аугуст Стриндберг,  во режија на Теодора Сиљаноска и  во изведба театарски уметници од Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, денеска, ќе отпочне годишниот настан: „Балканот е срцето на Европа” – Евроинтеграциите на Балканот меѓу реалноста и илузијата.

На настанот, во организација на ACADEMIA BALKANICA EUROPEANA, со поддршка на Министерството за култура, и во соработка со Интернационалниот универзитет Еуропа Прима од Скопје со свои изведби и дела – фотографска изложба, филмски презентации, тетарски претстави и други културни и уметнички перформанси, ќе се претстават повеќе млади уметници од регионот.

-Academia Balkanica Europeana (www.ab-europeana.org) обединува  повеќе значајни творци од областа на културата,  науката и уметноста од десет балкански земји, со цел да им овозможи на културната јавност и  младите луѓе од регионот да ги откријат темите и предизвиците на уметничкиот и културниот свет во својот оригинален контекст. Од повеќето содржини  на манифестацијата, вреди да се издвојат театарската изведба „Плеј Чехов“, на студентите од класата на проф. Дејан Пројковски и настапот на младите музички уметници од класите на проф. Александар Трајковски и проф. Дарко Мариновски, наведуваат организаторите.

Во текот на трите дена во кои што ќе се одвива манифестацијата, ќе бидат оранизирани и мастер клас по фотографија на проф. Елена Бојаџиева-Цвековска, како и мастер-клас по актерска игра од проф. Дејан Пројковски.

Исто така, во рамките на манифестацијата ќе се одржи и меѓународна онлајн конференција со наслов “Балканот е срцето на Европа – Академија балканика еуропеана – Евроинтеграциите на Балканот меѓу реалноста и илузијата “, на која ќе учествуваат повеќе значајни интелектулци и творци од Македонија и регионот како, проф. Јордан Плевнеш, проф. Александар Прокопиев, проф. Елизабета Шелева, проф. Башким Шеху, проф.Хачиф Мулиќи итн.

0 Коментари

Остави коментари