Младеновски за ТВ 24: Време е за конкретни решенија, а не да се бараат само причини

Врсничкото насилство повеќе не е само проблем зад училишните врати – станува сериозен општествен проблем кој ги отвора прашањата дали институциите реагираат навреме и каде е одговорноста на родителите. Време е за  конкретни решенија, а не да се бараат само причините – вели за ТВ 24 социологот и медијатор Славе Младеновски. Како да се спречи насилството меѓу младите, имаме ли  доволно ефикасни механизми за превенција?