Младен Чадиковски реизбран за претседател на ЗНМ

Новинарите избраа претседател. Младен Чадиковски е старо-новиот претседател на Здружението на новинари на Македонија. Чадиковски освои убедливо најмногу гласови – 275 – од колегите кои денеска во голем број излегоа да го дадат својот глас на изборното собрание на ЗНМ.

Негови  противкандидати беа Марјан Николовски за кого гласаа 119 новинари и Фиљана Кока која освои 53 гласа.